За земјоделците нема пари, но Љупчо Николовски има 1.4 милиони за фирмите на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тргопродукт, фирмата на Заеви доби 1.4 милиони евра грант од МЗШВ на Љупчо Николовски, во услови кога обичните земјоделци ги продаваат производите под цена или воопшто не можат да продадат затоа што нема откуп.

Ова е скандал, затоа што Љупчо Николовски беше и министер во владите на Заев, а Тргопродукт фирма на Заеви.

И додека Заеви ги бројат 1.4 милиони евра од Николовски, оризарите немаат пари затоа што уште не им е допродаден оризот, производителите на зелка не можат да ја продадат зелката, откуп скоро за ништо нема, подвлекуваат од партијатаи додаваат:

„И Љупчо Николовски наместо да се ангажира за да обезбеди откуп, и да ги исплати субвенциите на земјоделците, тој се грижи како да ги грантира фирмите на Заеви.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени ваквите практики во земјоделието. По промената на власта владата ќе се насочи на помош и решавање на проблемите на вистинските земјоделци“.