Истакнуваат дека Заев 5 години оди низ Македонија и ги лаже граѓаните.
– Истите ветувања кои што ги даваше на претходните избори повторно ги дава сега. Заев во 2016 и 2017 ветуваше гасификација, гасификација нема, но затоа повторно ја ветува. Нема место каде што Заев не ветуваше водоводи и канализации, и повторно за истите места Заев пак ветува водоводи и канализации. 4 години ништо не направиле малите зоранчиња, негови градоначалници. Заев гледа дека дебело ќе загуби и затоа е нервозен. Затoа Заев навредува и шири говор на омраза, се наведува во соопштението на партијата.
Од опозицијата нагласуваат дека Заев нема решение за ниту еден проблем, затоа што тој е проблемот.
-Заев 4 години ги лаже земјоделците, лозарите, јаболкарите, овоштарите, оризарите сите мака мачат со продажба на произведеното. Цените кои им се нудат не се доволно ниту трошокот да го покријат, а не пак да им остане нешто за егзистенција. Народот пати. Половина милион луѓе се на раб на егзистенција со по 150 денари на ден, а Заев вози БМВ од 100.000 евра. Тоа е болната реалност. Со Заев не може напред. Тој е заглавен во минатото се бори со замислени противници, со него Македонија ќе тапка во место. Потребни се промени. А тие промени ги предводи ВМРО-ДПМНЕ и на 17 октомври ќе дојдат. Време е да создадеме нова иднина, велат од партијата.