– Лукаревска донесе 60.000 невработени, и затвори 6.200 фирми, а Филипче над 5200 мртви. Лукаревска ги штитеше фирмите на Заев, кои се редовно во врвот на листата неплаќачи на ДДВ, а Филипче бркаше провизии. Велеа ќе правеле метла, а завршија со буниште криминал денес. Најавуваат промена на менталната слика, а таа ментална слика е до Заев. Тој треба да се промени. Спасовски кој даде пасоши на 214 наркбосови, терористи и разни белосветски криминалци не е и не може да биде ново лице. Тој првин треба да се соочи со одговорност за целиот криминал. Љупчо Николовски кој наместо криминал брка путер и во сред пандемија отиде за Дубаи и го остави народот не е иднината, додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека не се нови кадри ниту децата на, како што велат, транзиционите моќници – Нина Фити, ќерка на Таки Фити, кој ја смисли приватизацијата и транзицијата.

– Лоши политики ќе продолжат и со Мила Царовска која насила турка проект за дигитализација, и Зоран Китанов од Струмица кого Заев го става на функции уште од времето кога беше градоначалник. СДСМ избра стари кадри, кадри со врски со минатото, кадри кои ја испеаја својата песна и нема што ново да понудат, смета ВМРО-ДПМНЕ.