– Иницијативата имаше обезбедена поддршка со собрани потписи на повеќе од половина членови од Централниот одбор на ДОМ, вклучително и тројца потпретседатели на партијата и на повеќе од 2/3 на општинските организации на ДОМ што е многу повеќе од потребните услови согласно Статутот, информираат од Иницијативата.

Оттаму посочуваат дека оваа иницијатива за свикување на Вонредниот конгрес на ДОМ била поради фактот што на партијата и се потребни промени во начинот на организирање и функционирање, како и воведување групно претседавање преку ко-претседатели, со што би се вовеле позитивни демократски практики од Европските Зелени.

– Целта е беше инклузија на сите членови и сите општински организации за консолидирање и јакнење на партијата; демократизација со заштита на правото на различно мислење и спречување на мајоризација при одлучувањето; поголема самостојност на општинските организации; изградба на самостојна младинска организација. Но наместо да се прифати оваа демократска иницијатива за Вонреден конгрес и демократизација на партијата ја известуваме јавноста дека претседателката со малцински број на поединци членови на ЦО и само 5-6 општински организации на ДОМ преминаа кон разрешување на функционери на ДОМ нестатутарно и незаконски, појаснуваат од Иницијативата за свикување вонреден Конгрес на ДОМ.

Демократската иницијатива за Вонреден конгрес на 2/3 од општинските организации на ДОМ и повеќе од 60% од членовите на Централниот одбор, вклучително и 3та потпретседатели на партијата целосно игнорирана од претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Исто како во Северна Кореа, недемократско малцинство кое се само лица поединци во ЦО со 5 -6 општински организации го изигнорираа Стаутот на партијата и сака да го игнорира моментот за реформирање на партијата и имплементација на појака и обединувачка зелена агенда.

#ДОМ #зелени Sitel Tv TV Telma Канал 5 Телевизија VECER Press AlfaTV Sakam Da Kazam Radio Mreza Kanal 77 Телевизија 24 Дума Портал Batali.NET "Заспиј ако можеш" на Алфа ТВ со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ Kurir @Civil MK Radio Slobodna EvropaSloboden Pecat

Posted by ДОМ Велес – DOM Veles – за Зелен Велес on Sunday, May 16, 2021