Ваквата иницијатива која Заев се обидува да ни ја прикаже како дипломатски успех е всушност пораз на политиката на Заев. Зоран Заев ги лажеше граѓаните, ветуваше европска Македонија, а сега нуди мини шенген Македонија. Но што да се очекува друго од човек кој европските перспективи ги кочи со растечка корупција и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Интересите на Македонија единствено може да се остварат во широка и обединета Европа, а не во тесни регионални кругови, кои патем се нецелосни и не се одраз на македонските национални и државни интереси. Зоран Заев треба да признае дека Македонија ја донесе во ќор сокак. Овие четири години власта на Заев се четири украдени години за граѓаните, велат од партијата.