– Единствениот начин на кој што Зоран Заев може да докаже дека нема злоупотреба на процесот на вакцинирање и дека нема ВИП вакцинација, е да објави кој до сега примал вакцина, а не да ги крие. Наместо тоа, се она што до сега го видовме претставува криење на вистината и под плаштот на некакви класифицирани информации не објавува кој до сега примал вакцина, велат од партијата.

Тие го повикуваат Заев да каже кој досега се вакцинирал.

– Луѓето од власта тајно одат на одмори додека народ умира. Тајно договараат провизии, а сега тајно се вакцинираат. Го повикуваме Заев уште веднаш да ги декласиифицира и објави информациите – Кој до сега се вакцинирал! Се друго е лага, посочува ВМРО-ДПМНЕ.