Од денеска 03.10.2023 година (вторник) ВМРО-ДПМНЕ започнува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со туристичките работници кај автопатот Кичево – Охрид, при што ќе биде дадена изјава за медиуми.
Потоа, Мицкоски ќе оствари средба во с. Подмоље кај колекторската станица.
Мицкоски, на Кејот на Охридското езеро ќе има средба со група пензионери.
Во спортскиот центар Билјанини извори пред сеуште неизградениот пливачки базен, Мицкоски ќе оствари средба со претставниците на пливачките клубови.
Понатаму, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има средба и разговор со граѓаните во с. Трпејца за државен проект за изградба на канализациона мрежа.
Во 18:00 часот во с. Пештани, Мицкоски ќе изврши увид во изградбата на спортското игралиште и веднаш потоа ќе оствари средба со граѓаните, при што ќе се обрати пред присутните.