Анкетите се јасен приказ за тоа што мислат граѓаните за СДС која губи катастрофално, ако не веруваат на оваа, тогаш ајде на најголемата анкета за една власт, избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ по анкетата на ИПИС која покажа убедливо водство за нив, а за која СДСМ рече дека е нарачана од опозицијата.

Поддршката на народот за ВМРО-ДПМНЕ е огромна одговорност и нема да разочараме народот.

Нема анкета на која СДС води, а тоа е така зошто донесоа неспособност предавства и порази.

Ако не веруваат на оваа анкета тогаш ајде на најголемата анкета за една власт, избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ