„Политичка капитулација доживува Демократската Обнова на Македонија – ДОМ под лидерство на Маја Морачанин кое се потврдува со шестото место на листата од коалицијата предводена од СДСМ“, обвинува поранешниот генерален секретар на ДОМ откако СДСМ ги соопшти носителите на листи.

Вчеравечер на конгрес СДСМ ги соопшти носителите на листи и пратениците кои ќе трчаат по место во парлементот. На листите како коалициони партнери во Изборна единица 1 како коносител се јави Моника Зајкова од ЛДП, а ДОМ заостанаа подолу на листата. Ова предизвика револт кај Љупчо Јаневски од оваа партија. Тој упати низа критики кон Маја Морачанин.

Неговата фејсбук објава ја пренесуваме во продолжение:

Политичка капитулација доживува Демократската Обнова на Македонија – ДОМ под лидерство на Маја Морачанин кое се потврдува со шестото место на листата од коалицијата предводена од СДСМ. Изгубената политичка реалност,неспроведување на одлуки од Централниот и Извршниот одбор, поразително лошите кадровски политики, немањето на јасен став кон членовите и поддржувачите на партијата успеа по два пратеници во 2018 и 2021 година да ја сведе на едно шесто место избоксувано лично за себе во ИЕ1. Денешниот закажан Централен Одбор е доведен до политички и временски ќорсокак а од него ќе се бара да потврди капитулација на ДОМ!
Како поранешен Организациски секретар на партијата 2014-2018 и Генерален Секретар 2018-2022 година и активен член на Извршен и Централен на партијата сметам:
Се има свое време и секоја работа под небото има свое време;
Време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото;
Време кога се урива,и време кога се гради;
Време кога се плаче,и време кога се смее;
Време кога се расфрлаат камења, и време кога се собираат камењата;
Време кога се чува,и време кога се растура;
Време кога се прегрнуваш, и време кога ги одбегнуваш прегратките;
Време е Морачанин после шест години какво такво лидерство на партијата ДОМ да ја прифатиш реалната состојба , преземеш одговорност и поднесеш неотповиклива оставка на местото преседател на Демократската Обнова на Македонија -ДОМ!
Македонија Мора Напред!
#бидиборец