„Соработката со СДСМ веќе е минато“, потенцираше Стојанче Ангелов на 18.12.2023 година потенцираше во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ првиот човек на Центарот со управување со кризи и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Утрово тој ги потврди овие информации. Тој преку обемен Фејсбук статус кажа каде потфрлила СДСМ додека ја предводи Владата и најави дека ќе ја поддржи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе детали може да прочитате ТУКА.

Стојанче Ангелов излегува од коалицијата предводена од СДСМ

Тогаш, на новинарско прашање за идна соработка со СДСМ, Ангелов не го криеше незадоволство од власта, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија.

Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа, вели Ангелов.

На прашањето дали би му пречела влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека е добро за стабилизација, но така тешко се решаваат крупни прашања според него.

Стојанче Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достинство“.

Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ веќе е минато. Оваа влада потфрли во суштината на Достинство. Прогласија само четири воени инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери, вели Ангелов.

Ангелов вели дека е разочаран од власта, пред сѐ од тоа дека СДСМ за сите прашања се консултира со ДУИ.

Погледнете ја целата емисија на нашиот Јутуб канал. Со него ги дискутиравме актуелните политичките теми како: Крстот на Попова Шапка, предизвиците со кои се соочува ЦУК, медикопетерот на МВР, соработката со СДСМ, законот за бранителите од 2001-ва година, претседателски кандидат, но и прашања дали би коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ или пак СДСМ.