Компанијата Касперски откри лажна верзија на популарната апликација WhatsApp, наречена FMWhatsapp. Оваа апликација го шири тројанскиот вирус на мобилните телефони и може да прикажува реклами, да издава претплати и да ги пресретнува СМС пораките на корисниците.
Иако WhatsApp е една од најпопуларните апликации на брзи пораки и повици на мобилните уреди, не сите корисници се задоволни од нејзините карактеристики, па луѓето сакајќи да добијат подобра верзија од апликацијата, можат да направат грешка инсталирајќи некоја од нејзините модифицирани верзии кои обезбедуваат повеќе можности од оригиналната верзија.
– Со оваа апликација, тешко е за корисниците да препознаат потенцијална закана бидејќи режимот на апликација всушност го прави она што треба да го направи – обезбедува дополнителни функции. Сепак, забележавме дека сајбер-криминалците почнаа да шират малициозни датотеки преку реклами во таквите апликации. Затоа, ви препорачуваме да ги користите само официјалните верзии на апликации. Можеби им недостасуваат некои дополнителни функции, но нема да инсталираат куп малициозен софтвер на вашиот паметен телефон – вели Игор Головин, експерт за безбедност во Касперски.