Бета верзијата на апликацијата WhatsApp за Android сега има опција за криење на „last seen“ статусот од одредени контакти, односно корисници на познатата апликација. Опцијата се развиваше веќе неколку месеци, а сега е конечно достапна за оние коишто учествуваа во бета програмот.

Тоа значи дека новата опција ќе биде достапна на сите кои користат бета, а потоа и на верзијата која ја имаат сите останати. Опцијата ќе биде достапна за кратко време.

Сите кои користат WhatsApp ќе можат да го постават својот „last seen“ статус за да го видат сите нивни контакти освен оние коишто ќе бидат забранети. Новина е опцијата „My Contacts except“. Oткако ќе ја изберете оваа опција, ќе може да изберете контакти кои не можат да видат кога последен пат сте биле активни.