Претходно, тој информираше дека на сите граѓани кои се дојдени на избирачките места до 19 часот ќе им биде овозможено да гласаат.
На денешните седми локални избори право на глас имаа 1.824.864 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места.
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на последната прес конференција изјави дека изборниот молк ќе трае до 19:30 часот.