Само провинцијата Кабул и две други провинции се ослободени од полицискиот час.
„Со цел да се запре насилството и да се ограничи движењето на талибанците, прогласен е полициски час во 31 провинција во земјата“, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи, истакнувајќи дека од оваа одлука се исклучени само провинциите Кабул, североисточната провинција Паншир и источната Нангархар.
Портпаролот на министерството прецизира дека полицискиот час ќе биде во сила од 22 до 4 часот наутро, но кажа колку ќе трае оваа мерка.
Талибанците во мај почнаа офанзива против авганистанските сили, откако САД и НАТО го најавија конечното повлекување на меѓународните сили од земјата, што е планирано да заврши до крајот на август.
Талибанците, во меѓувреме, зазедоа големи делови од руралните области на земјата и авганистанските сили, кои досега даваа мал отпор, во суштина сега ги контролираат само најголемите центри и главните градови на провинциите.