Данела Арсовска „во 5 до 12“ реши дека сепак ќе организира новогодишен дочек на градскиот плоштад „Македонија“. На само пет дена до „најлудата ноќ“ Град Скопје конечно одлучи да има пречек на Нова Година каде ќе настапат Сара Мејс, Љубојна, Ареа и Нокаут.
Забавата на 31 декември на плоштад „Македонија“ ќе започне во 19:30 часот. Компанијата „Спектаклум” која е организатор на овој настан посочи дека изборот бил направен по распишаниот конкурс.
Општина Кисела Вода ќе организира голем настан за дочек на Новата Година. Голем настан ќе има и во Охрид.
На 31 декември, на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски,“ охриѓани и туристите ќе имаат можност да ја дочекаат Новата 2025 година со богата музичка програма. Ќе настапат поп-дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, како и DJ Gec и DJ Face.