Третиот бран на инфекција со Ковид-19 се „интензивира и забрзува“ во Африка со разни соеви, предупреди денеска канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) на тој континент и повика на поголемо снабдување со вакцини.
Бројот на случаи на инфекција „расте 22 проценти неделно“ на целиот континент, нагласи на виртуелна прес-конференција д-р Махидисо Моети, директор на СЗО за Африка.
Таа повика на зголемување на испораката на вакцини.
„На Африка и се потребни дози тука и сега за да се запре третиот бран“, рече таа.
СЗО соопшти дека досега се целосно вакцинирани скоро 12 милиони луѓе, но дека тоа претставува помалку од еден процент од населението на континентот.