Во рамки на акцијата „Фабрика“ албанската полиција во градот Фиер уапси едно лице, трага по второ, а трето го товари за финансиска измама поврзана со криптовалута.
-Тие се осомничени за управување со нелегална платформа за трговија со криптовалути и се товарат за злоупотреба на компјутери, затајување данок и кражба на електрична енергија. Полицијата работи на целосно откривање на оваа криминална активност, додека како материјални докази, меѓу другото, се запленети 11 електронски уреди за производство на криптовалути, мобилни телефони, електронски помошни уреди, соопшти полицијата.
Се работи на целосно откривање на оваа криминална активност, идентификување и изведување пред лицето на правдата и другите лица вмешани во оваа активност.
Албанија го регулираше пазарот на крипто-валути и операторите треба да бидат лиценцирани од владата, која води регистар на сите оператори и ги следи сите трансакции. Сепак, правната рамка е сè уште нецелосна, а лиценцирањето сè уште не стана ефективно. Така, целата тековна активност на криптовалути е нелегална.
Пред еден месец, за време на истрагата за убиство, полицијата откри друга незаконска платформа за тргување со Биткоин, а три лица се под истрага за финансиска измама во износ од над милион евра.