Лоши временски услови се причина за можно одложувања на мечевите од Премиер лигата и останатите лиги во Англија, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурата Лариса веќе зафати делови од Велика Британија и се очекува таа да продолжи да беснее вечерва и утре, а врнежите и снежните виулици ќе ја зафатат земјата.
Метеоролошката канцеларија издаде килибарни предупредувања за северна Англија, Мидлендс и северен Велс, каде што се очекуваат „значително нарушување“ на транспортот и снабдувањето со електрична енергија. Метеорологот Алекс Буркил тврди дека најлошото време се очекува во северен Велс и северна Англија, каде што може да има и снег од 30 до 40 сантиметри, плус силен ветер.
Ова невреме може да нанесе голема штета на фудбалскиот календар во текот на викендот, а во опција е дури и одложување на сите натпревари во четирите најсилни фудбалски лиги.
Иако голем број терени во земјата се добро опремени за справување со снежните врнежи, истото не важи и за улиците во близина на стадионите. Во минатото имаше мечеви кои беа одложувани затоа што навивачите не можеа безбедно да се дојдат до стадионите.