Јавната општинска установа Културно-информативен центар-КИЦ, Меѓународниот ден на џез музиката годинава ќе го одбележи со изложба на фотографии „Џезтетика“ на фотографот Татјана Ранташа.
Од ЈОУ КИЦ-Битола информираа дека изложбата ќе биде отворена на пладне пред платото на Офицерскиот дом во Битола, а во музичкиот дел битолчани ќе можат да го проследат настапот на македонскиот џез квартет „Сашо Поповски квартет“, со познатите џез артисти Сашо Поповски, Иван Бејков, Ратко Даутовски и Кирил Кузманов.
-Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џез музиката кој вклучува над 1.000 настапи и концерти во повеќе од 190 држави во светот, соопштија организаторите на културниот настан
Меѓународниот ден на џезот, со концерт на Тони Китановски Трио ќе го одбележат и МКЦ-Битола.