Како што јави дописникот на МИА од Софија, високите цени на струјата биле дискутирани на средбата на бугарскиот премиер со претседателот на Европскиот совет. Премиерот Кирил Петков и претседателот Шарл Мишел се согласија дека е потребен заеднички координиран европски пристап за да се излезе на крај со оваа вонредна состојба.
Во текот на разговорот, бугарскиот премиер го потврди стремежот на Бугарија за приклучување кон Шенген зоната. Бугарскиот премиер Кирил Петков на средбата со потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис разговараше за Националниот план за закрепнување и одржливост, како и за проблемот со високата инфлација.