Линда Носкова, попладнево го забележа најголемиот успех во кариерата. Носкова го освои најпрестижниот турнир во светот на тенисот. Во чешкото финале таа ја победи Каролина Мухова со 2:1 (6:2, 5:7, 6:3).
21-годишната Носкова во своето прво Гренд слем финале ја освои титулата, додека Мухова и во вториот обид не успеа да освои Гренд слем трофеј.
Носкова го заврши најдобриот турнир во својата кариера на фантастичен начин и ја освои третата ВТА титула во кариерата. Претходно ги освои Монтереј во август 2024 година и Берлин пред околу 20 дена. Мухова остана на три ВТА титули.
Линда Носкова е шестата тенисерка од Чешка со титула на Вимблдон, пред неа овој турнир го освоиле: Мартина Навратилова, Чехиња која играше за САД, а серијата ја продолжија Јана Новотна, Петра Квитова, Маркета Вондроусова и Барбора Крејчикова.
