Јаник Синер е старо-новиот шампион на Вимблдон. Италијанскиот тенисер вечерва по голема борба и меч кој траеше речиси четири часа, го победи Александер Зверев со 3:1 во сетови. За Синер ова е петта Гренд-слем титула, втора во низа на неофицијалното светско тениско првенство. Зверев остана само на еден трофеј на Гренд-слем турнирите.
Фантастичен тенис понудија дватјцата тенисери во сите четири сета. Интересно е дека во првите два сета, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а противниците немаа ниту еднаш шанса за да направат брејк, па сетот се решаваше во тај-брејкот.
Во првиот сет, Зверев по голема борба го доби со 9:7, додека во вториот сет, Синер во тајбрејкот беше убедлив со 7:2.ж
Во третиот сет беше израмнето 3:3, а Зверев не успеа да ја искористи првата брејк-топка за да поведе со 4:3. Во тој гејм Зверев при еден поен, незгодно падна и го повреди коленото, а Синер веднаш беше тука да му помогне да стане.
Потоа Синер ја искористи својата прва брејк топка и поведе со 4:3, а потоа го сочува својот сервис и го доби сетот со 6:3.
Четвртиот сет беше како реприза на третиот. Синер парираше до 3:3, а потоа Синер направи брејк за 4:3 и тоа беше доволно Италијанецот да ја сочува предноста и на крајот со еден брејк да го освои сетот со 6:4, а со тоа и да го одбрани трофејот трофејот кој лани прв пат го освои на Вимблдон.
