Данската служба за внатрешна безбедност и разузнавачката служба (ПЕТ) соопштија дека се уапсени четири лица и дека се работи за поранешни и сегашни вработени во две безбедносни агенции, пренесуваат американските медиуми.
До апсењата дошло вчера, а во операцијата асистирала и данската полиција.
-Истрагата е резултат на долгорочна операција за протекување разузнавачки информации и таа сè уште не е завршена, соопшти разузнавчаката служба ПЕТ.