Во Европската Унија во 2022 година 22,9 отсто од компаниите користеле онлајн продажба, што е за 6,5 отсто повеќе од 2012 година, објави денеска Евростат на својата веб-страница.

Најголем дел од компаниите кои користат онлајн продажба е забележан во Литванија 38,9 отсто, Шведска 38,1 отсто и Данска 36,7 отсто.

На другата страна на скалата е Романија со учество од 12,9 отсто, Луксембург 13,4 отсто и Бугарија со 15,1 отсто.

Уделот на компаниите кои продаваат онлајн значително варира во зависност од големината на компанијата.

Во 2022 година, 45,9 отсто од големите фирми извршиле онлајн продажба наспроти 30,2 отсто од средните фирми.