Во операцијата, која се одвивала низ целиот континент од април до октомври, запленети се фалсификувани лекови и допинг производи кои се проценуваат на вкупна вредност од 63 милиони евра, се вели во соопштението на Европската полициска агенција.

Во операцијата учествувале 33 „криминални групи кои шверцувале допинг агенси, како што се хормонски и метаболички регулатори и разни лекови“, наведува Европол.

Криминалците шверцувале лекови против рак, аналгетици, анксиолитици и лекови за еректилна дисфункција.

Дополнително, од почетокот на пандемијата, тие вложуваат поголеми напори за фалсификување на лековите кои се најбарани, забележува агенцијата.

За да ја зголемат заработката, криминалните мрежи се фокусираа на препродажба на фалсификувани „лекови за корона“, медицинска опрема и средства за дезинфекција кои потоа ги продаваат онлајн, се наведува.

– Благодарение на заедничките напори на полицијата, препродажбата на фалсификувани фармацевтски производи поврзани со Ковид-19 е запрена, стои во соопштението на директорката на Европол, Кетрин Де Боле.

Полицијата запленила „три милиони пакети медицинска опрема против Ковид-19“, како маски за лице и средства за дезинфекција, и затворила пет нелегални лаборатории.