Европската статистичка служба нема регистрирано таква вредност од почетокот на своите проценки, утврдени пред повеќе од 20 години.

Во октомври, инфлацијата во 19-те земји кои ја воведоа единствената валута повторно достигна историски највисоко ниво од 4,1 отсто на годишна основа.

Како и другите земји и региони, еврозоната, која ги вклучува Франција и Германија, е погодена од големи зголемувања на цените како резултат на економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 и блокирањето на синџирите на снабдување.