-Од почетокот на годината преку овој пат во Германија влегле 9.329 мигранти, главно од Ирак, Авганистан и Сирија, се наведува во соопштението.

Германската полиција не очекува дека притисокот на полско-германската граница ќе биде намален во догледно време и укажува на големиот број мигранти коишто секојдневни се обидуваат од Белорусија да влазата во Полска и од таму во Германија.

Германското министерство за здравство, и покрај зголемениот број илегални преминувања на државната граница, одбило да воведе контроли ја шенгенската граница со Полска, што го бараа сојузните покраини Бранденбург и Саксонија кои се наоѓаат крај границата.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас повторно во петокот најави нови санкции на Европската унија против Белорусија, којашто ја обвинува дека наводно намерно ги префрла илегалните мигранти на границите на ЕУ како одмазда за веќе воведените четири кругови санкции.

Меѓутоа, Брисел не одговара на прашањата зашто сега околу две до три илјади мигранти би предизвикале мигрантска криза, кога само Германија во 2015 прими повеќе од милиони мигранти и бегалци.

-Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на својот состанок во понеделник ќе ги прошири санкциите и на оние лица за коишто има сомневања дека се директно поврзани со префрлување на мигрантите на границите со ЕУ, изјави Маас во разговорот за дневниот весник Rheinische Post.

Маас најви дека наскоро ќе биде објавен „опширен список“ на поединци на коишто ќе се однесуваат новите санкции. Укажа и дека ЕУ постигнала успех во врска со притисокот на воздухопловните компании преку кои мигрантите патуваат во Белорусија.

Така турската авиокомпанија „Тurkish Airlines“, како и белуруската државна „Белавиа“ во петокот објавија дека престануваат на летовите од Турција за Белорусија да ги превезуваат државјаните на Ирак, Јемен и Сирија.

Германската влада во меѓувреме изрази жалење поради заканите на белорускиот претседател Александр Лукашенко дека ќе го запре транзитот на гасот од Русија кон Полска и Германија ако бидат воведени новите санкции. Но претходно во петокот извори од ЕУ за медиумите изјавија дека не се сфаќаат сериозно таквите закани од Минск, а од Москва без дополнителни поединости потврдија дека Русија ќе ги исполни своите обврски за испораки на гас во Европа, вклучително и преку гасоводот „Јамал“ кој минува низ Белорусија.