Украинските власти објавија дека 15-годишно момче, чие име не се споменува, е убиен како резултат на гранатирањето на училиште во Чернухив, недалеку од Харков на североистокот на земјата.
Регионалното обвинителство во објава на Фејсбук наведува и дека во гранатирањето биле оштетени голем број приватни куќи. Оттаму посочуваат дека обвинителството покренало кривична истрага за можни прекршувања на законите и обичаите на војната во комбинација со убиство со умисла.