Локалната полиција во соопштение информира дека постапила по наредба со која се овластува да „пребараат и одземат релевантни новинарски материјали“.

Во акцијата биле ангажирани повеќе од 200 полицајци во униформа и цивилна облека, се додава во соопштението.

Стенд Њуз е основана во 2014 година како непрофитна организација и е најистакнатиот и единствениот преостанат опозициски медиум во Хонг Конг, откако култниот таблоид Епл Дејли (Apple Daily) беше затворен за време на истрагата за националната безбедност на почетокот на годинава, а сопственикот Џими Лаи беше затворен.