-Тој почина во вторникот, опкружен со пријателите, дома во предградието на Хендерсон, по храбра, четиригодишна битка со ракот на панкреасот, наведе Ландре Рид.

Рид, поранешен боксер кој стана адвокат, беше лидер на мнозинството во Сенатот од 2007 до 2015 година, истакнат политичар на крајот на мандатот на Џорџ Буш и во два мандата на Барак Обама.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека во текот на двете децении што ги поминале заедно во Конгресот и осум години заедничка работа додека беше потпретседател, Рид отсекогаш бил човек од збор.

-Ако Хари речеше дека ќе направи нешто, тој тоа го правеше. Ако дадеше збор, можевте да сметате на тоа. Така тој работеше за доброто на земјата со децении наведе Бајден во соопштение.

Рид се пензионираше во 2016 година, откако го загуби видот на едното око, а во мај 2018 година му беше дијагностициран рак на панкреасот.

Пред неполни две недели, меѓународниот аеродром во Лас Вегас е именуван по него, кој од 1948 година се викаше аеродром Мекаран, по поранешниот американски сенатор од Невада, Пит Мекаран.