Седуммина кандидати добија право да учествуваат на 13-ти претседателски избори од револуцијата во 1979 година, од кои петмина се од редовите на ултраконзервативната и двајца од реформаторската струја во земјата.
Меѓутоа, на изборите ќе се гласа за четворица кандидати, откако тројца во меѓувреме се повлекоа од трката.
Иранскиот претседател има ограничени овластувања затоа што најголемиот дел од моќта е во рацете на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Најголем фаворит за победа е Ебрахим Раиси (60), инаку прв човек на судската власт во земјата, кој на претходните избори во 2017 година освои 38 отсто од гласовите .
Меѓу кандидатите се конзервативците, генералот Мохсен Резаи и пратеникот Амирхосеин Газизаде-Хашеми. Помалку познат кандидат од реформската струја е Абделнасер Хемати, некогаш гувернер на Централната банка.
Доколку никој не го освои потребното мнозинството, вториот круг од изборите ќе се оддржи на 25 јуни.