Како да не ни беа доволни предизвиците што ги денес Крвавата месечина на 26 мај и ретроградниот Меркур, во чие друштво го поминуваме јуни, туку веќе ни пристигнува и прстенестото помрачување на Сонцето на 10 јуни, 2021 година. Необично е тоа што на истиот ден на небото ќе се појави и млада месечина. Влијанието на овие две моќни астро-сили ќе биде големо и ќе се почувствува во нашите животи.

Па така, ова нема да биде обична млада месечина, туку целата недела ќе ни ја обои со потреси и промени. Ќе има многу кризи и големи промени, бидејќи Сонцето е во квадрат со Нептун, но гледајте го својот живот како здраво дрво со понекој сув лист. Сè што треба да отпадне ќе отпадне – така треба и да биде! Вака гледајте го остатокот од месецот.

Младата месечина ќе биде во Близници, од кои едниот симболички го претставува телото, а другиот духот, едниот е смртен, а другиот е бесмртен. Не дозволувајте да ве мачи оваа дуалност, разберете дека крајот истовремено е почеток на нешто друго.

Подгответе се за информации што отпрвин многу ќе ве збунат, а можеби дури и ќе ве вратат во минатото – сетете се што се случувало минатиот ноември? Но и што значајно ви се случило минатиот мај? Можно е токму сега да се затвори некој важен круг што бил отворен тогаш.

Следната еклипса во Близнаци ќе се случи дури во 2029 година, а астролозите велат дека ова ќе има влијание врз нашата колективна иднина. Советуваат цврсто да управувате со вашите мисли и да не им дозволувате да ве водат кон стравот, туку постојано да бидат насочени кон љубовта.

Најголемо влијание и промени ќе почувствуваат Близнаците, Скорпиите и Биковите.

Ништо немојте да форсирате, ништо не правете насила. Само бидете внимателни и следете ги знаците – само ќе ви се покаже што треба да правите.