Инцидентот се случил во населбата Хаџи Јакуб, а талибанците им ги одзеле мобилните телефони и камерата. Според TОЛОњуз, напади врз претставници на медиумите имало и на други места, но тие не добиле публицитет. Новинарот Јад изјави дека тој и колегата биле тепани.

Потпретседателот на Здружението на новинари во провинцијата Парван, Парвиз Аминзаде изјави за телевизискиот канал дека „талибанците откако ја презедоа контролата врз Авганистан, нивниот став кон новинарите е алармантен“. Ахмадула Васик, заменик -шеф на талибанската комисија за култура, рече дека новинарите во Кабул не биле тепани, туку им биле упатени само закани. – Раководството во главниот град не увери дека го истражува инцидентот и ако некаде има проблеми со новинарите ние се обидуваме да ги решиме, додаде тој