За медиумите на албански јазик тој изјави дека во првиот миг од пожарот се обиделе да го изгаснат, но не нашле противпожарен апарат во модуларната болница.
– Баравме апарати за да го изгаснеме пожарот, но немаше ниту еден, ниту пак систем за гаснење пожари, вели Ибим.
Тој додава дека пожарот започнл од собата број 3, се проширил во двојката и стигнал до првата.
– Немавме можност ништо да направиме. За малку ќе останав и самиот внатре, вели тој.
Тој сведочи и дека шест дена се грижел за членовите на неговото семејство во болницата затоа што, како што вели, немало доволно персонал.