Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми калибар 9мм без дозвола за поседување, мобилен телефон и други предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, како што се посочува, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.