Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани шест нови пациенти поради компликации од корона вирусот со што вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град од кои голем дел се на кислородна поддршка. Дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
В последното деноноќие, на Интерните клиники имало два приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум примени пациенти, а шест биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.
-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од Министерството.
Нагласуваат дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 240 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има пет пациенти, во Велес се лекуваат 29 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар седум, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани, Кичево и Кавадарци по седум, а во Гевгелија четири лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород