На претходното рочиште завршен збор даде обвинителката Вилма Русковска која неочекувано направи измени во обвинението со што на обвинетите на товар им стави и дека биле организатори на протестите на „За заедничка Македонија“ кои се одржуваа неколку месеци пред тој 27 април 2017 година кога се случија инцидентите во Собранието.

Одбраната смета дека обвинителството досега не успеа да го докаже делото за кое се теретат обвинетите и затоа Русковска е принудена да прави измени кои во суштина ништо не докажуваат.

Напротив, само докажуваат дека обвинението се сведува на „рекла-казала“ муабети надополнети со исказот на нејзиниот омилен сведок Александар Василевски-Нинџа кој досега даде неколку различни верзии за настаните.