Велат ,,секое чудо за три дена” во Македонија чудат не траат ниту три дена.

Откако утрово фамозно и помпезно поддржувачите на власта се пофалија дека Јетон Абдулахи, лицето кое го симна црковното и постави албанско знаме дека го уапсиле, тој веќе е на слобода.

33-годишникот од Мала Речица, утрово бил пуштен на слобода откако сам се пријавил во полициската станица во Тетово, дознава МКД.мк.

Денеска околу 11 часот МВР соопшти дека по преземени оперативни мерки полицијата го привела Ј.А. кој вчера од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија.

Лицата кои го спуштија знамето на црквата освен што беа евидентирани од безбедносните камери, дури и самите се пофалија за ова на својот Фејсбук профил.

На Попова Шапка утрово беше и Стојанче Ангелов кој информираше дека е симнато албанското знаме.

Освен оваа провокација, вечера вечер низ Скопје се парадираше и со албански знамиња. Албанските провокации стануваат секојдневие во државава, а владејачката партија СДСМ ги игнорира ваквите работи и оградувајќи се дека станува збор за поединци.

Повеќе од случките синоќа во главниот град може да прочитате во продолжение: