Во Македонија со СДС и ДУИ се губат животи во болница, како на бојно поле во војна, и никој од власта не сноси одговорност.Последниот немил настан со смртта на новороденче од Прилеп во Клиниката во Скопје за жал е аларм за власта која во наместо да се труди да пружи подобри здравствени услуги на пациентите бара начини како да испумпа милиони евра преку системот за јавни набавки на клиниките, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорност за смртта на бебето од Прилеп мора да има, и таа не смее да се сведе на некој кабел, пинцета или епрувета.
Одговорноста мора да биде директна на надлежните во болниците каде е породено и лекувано бебето, но и политичка на министерот за здравство.
Според родителите на детето. Мајката на бебето немала никаква бактерија и требало да се породи со царски рез. Сите испитувања биле добри. А докторите одлучиле сабајлето кога е примена на 27 октомври да ја породат по природен пат. Одговорноста мора да се персонализира, како кривична така и политичка.
Не може министерот за здравство да се занимава со се, освен со тоа што реално му е работа – грижа за пружање квалитетни здравствени услуги на населението.Одговорност веднаш, и кривична и политичка.Единствена добра работа која може Меџити да ја направи е да си даде оставка веднаш.