За 23 дена во ноември АД ЕСМ (поранешно АД ЕЛЕМ) потрошило околу 23.000.000 евра за увоз на струја, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавајќи дека дневно се трошеле по 1.000.000 евра само за увоз на струја.

Да ги видиме фактите!

За периодот од 7ми до 13ти ноември увезени се вкупно 16.800MWh струја по вкупна цена од 3.614.440€.
За периодот од 14ти до 20ти ноември увезени се вкупно 21.770MWh струја по вкупна цена од 5.414.528€.
За ден 18ти ноември увезени се вкупно 3.600MWh струја по вкупна цена од 904.075€.
За периодот од 21ви до 27ми ноември увезени се вкупно 32.060MWh струја по вкупна цена од 8.009.093€.
За периодот од 28ми до 30ти ноември увезени се вкупно 13.740MWh струја по вкупна цена од 4.918.933€.
За само 23 дена во ноември увезени се 87.970MWh струја за вкупна цена од 22.861.069€ или просечно секој MWh увезена струја граѓаните на Македонија го плаќале околу 260€.
Незнаењето и корупцијата продолжуваат и во првите 4 дена во Декември. За периодот од 1ви до 4ти декември АД ЕСМ ќе увезе нови 23.240MWh струја и истите ќе ги плати АВАНСНО (слика 1)!. Оваа набавка, граѓаните ќе ги чини за само 4 дена околу 8.000.000€ или просечно нови 2.000.000€ дневно.
Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!, порача Мицкоски.