Знамињата во оваа општина се спуштени на половина копје.
-Многу не погоди оваа трагедија, тагата во нашите срца е огромна. Нашите мисли и молитви се со жителите на братска Турција. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на настраданите а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување. Во општината веќе се собира хуманитарна помош, рече Ибраим.
Советот на општината утре на вонредна седница ќе донесе одлука за износот на финансиска помош која ќе биде доделена за настраданите подрачја. (МИА)