На денешната деветта вонредна седница Советот на Општина Тетово одлучи одвои финансиски средства како помош за подрачјата кои беа погодени од земјотрес во Турција и Сирија. Присутни на седницата беа 29 советници и сите гласаа дека ја прифаќаат оваа одлука.

-Во координација со претставниците на политичките партии застапени во Советот одлучивме да се одвојат еден милион денари (околу 16.000 евра) за земјите што се погодени од земјотреси, констатираше на седницата Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.

Воедно сите 29 советници ја поддржаа предлог одлуката за формирање на Комисија за следење на постапката за собирање и доставување на помош на местата опфатени до земјотресот. Ќе определат места каде граѓаните ќе можат да остават материјални помош, а ќе се разгледа и опцијата за отворање на жиро-сметка за да можат и жителите да донираат парични средства за помош.