Просечната стапка на инфлација во Судан во 2021 година е 359,09 отсто во споредба со 163,26 проценти во 2020 година, покажуваат податоците на Централното биро за статистика.
Инфлацијата во декември забави на 318,2 отсто на годишно ниво, од 339,58 проценти претходниот месец, се вели во соопштението на статистичката агенција.
Базичната инфлација, која ги исклучува променливите елементи како храната, во декември се зголеми на 443,48 проценти од 428,34 отсто во ноември.