Епидемиолошката состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата дејност ги покрива дебарската Општа болница со проширена дејност, е стабилна.

-На нашето подрачје вчера во списокот на оздравени беше внесено и последно заразеното лице. Овој месец имавме само четири нови случаи, од нив двата последни пред десеттина дена. Што се однесува до ковид – центарот во него последниот пациент го испишавме на 18 март, по што неколкуте заразени кои беа со лесна форма на болеста доаѓаа само на дневна терапија, рече за МИА, Баки Алили, директор на болницата.

Во февруари на ова подрачје Ковид-19 бил дијагностициран кај 115 лица, а од почетокот март кога пополека почна да се смирува состојбата за цел месец беа регистрирани 32 новозаразени.

-Доколку епидемиолошката состојба продолжи да биде стабилна, од следниот месец ковид-центарот, кој функцонираше во просториите на интерното одделение, ќе биде затворен. Во просториите повторно ќе биде пренесено интерното одделение, кое до сега функционираше во дел од просториите на хируршкото одделение, додава Алили.

Поради големиот број заразени и неопходноста од болнички третман, интерното оддделение, беше трансформирано во ковид – центар, на почетокот на ноември 2020 година