Обврската за носење маска важи за лица постари од 11 години, освен за лица во автомобили, велосипедисти или лица кои се занимаваат со некоја спортска дејност, се наведува во соопштението на полицијата.

Носењето маска ќе биде задолжително и на места отворени за јавноста во Париз.

Пристапот до терминалите на аеродромите останува забранет за лицата кои ги придружуваат патниците.

Полицијата соопшти дека од утре ќе се воведат редовни контроли, особено на местата каде што има голем број луѓе во главниот град. Оние кои ќе го прекршат законот може да бидат казнети со 135 евра. Полицијата најави и дека продажбата на пијалаци ќе биде забранета во сабота и недела од два часот по полноќ.

Дискотеките и клубовите, кои се затворени од 10 декември, ќе останат затворени уште три недели во јануари. Забрането е и собирање на луѓе во Париз кои консумираат алкохол на јавно место.

Околу 9.000 полицајци и војници ќе бидат распоредени за да се обезбеди почитување на мерките за време на новогодишната ноќ.