Полска денеска регистрира рекордни 40.876 новозаразени со коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Варшава.
Полскиот министерот за здравство Адам Ниџилски на Твитер објави дека бројот на тестирани постојано растел во текот на изминатата недела, при што денеска биле тестирани дури 151.000 луѓе.
Полска, земја со околу 38 милиони жители, има една од највисоките стапки на смртност од Ковид-19, а досега починале 103.819 луѓе. Во исто време, стапката на вакцинација е под просекот за земјите од ЕУ.