Автобус полн со бегалци од Украина се превртел рано утринава на место недалеку од Лублин. Локалните медиуми јавуваат дека најмалку четири деца се повредени и тие итно се пренесени во болница.
Автобусот одел во правец на Варшава кога наеднаш излетал од патот во ендек и се превртел – соопшти локалната полиција.
Во автобусот имало 73 лица, меѓу кои и двајца возачи.
Најмалку пет патници се пренесени во болница.
Направен е алкотест на возачот и немал алкохол во крвта, соопштија од полицијата.
Еден милион луѓе побегнаа од Украина во Полска во последните осум дена кога почна инвазијата на Русија на Украина.