Бројот на жртвите во поплавите што го погодија Судан се искачи на 66, изјави денеска бригадниот генерал Абдул-Џалил Абдул-Рахим.
Тој додаде дека во поплавите повредени се 28 луѓе, а уништени се околу 24.000 домови и дваесетина владини згради се оштетени или целосно уништени.
Суданската владина Комисија за хуманитарна помош соопшти дека околу 136.000 луѓе биле погодени од обилни врнежи и поплави во 12 од 18. судански провинции.
Сезоната на дождови во Судан обично започнува во јуни и трае до крајот на септември, а врвот на поплавите е во август и септември.