Реалните плати на работниците во Велика Британија забележаа пад во тримесечниот период, заклучно со јуни, најсилно откако одделението за статистика почна со објавување податоци.

Во периодот од април до јуни платите пораснале за 4,7 отсто, објави Канцеларијата за национална статистика во текот на вчерашниот ден.

Инфлацијата во јуни достигна 9,4 отсто, највисоко ниво во 40 години, а својот врв би требало да го достигне кон крајот на годинава. Тогаш, се очекува да изнесува 11 проценти.

Тоа значи дека реалните плати паднале за 4,1 отсто, што е најсилно откако Канцеларијата за национална статистика почна да евидентира податоци во 2001 година.