Околу 1.500 пожарникари денеска се обидуваат да изгаснат три шумски пожари кои горат во централниот и северниот дел на Португалија, во областите каде е прогласена вонредна состојба поради високите температури на воздухот.

Во пожарите што ја зафатија Португалија изминативе денови, повредени се најмалку 12 пожарникари и дваесетина жители. На повеќето им била укажана помош на самото место поради симптоми на вдишување чад и исцрпеност.

Португалската Влада одлучи да го подигне нивото на тревога за едно ниво, на вонредна состојба од понеделник до петок следната недела и побара од Европска Унија да го активира механизмот за заедничка цивилна заштита. Со активирање на механизмот обезбеди испраќање на два противпожарни авиони стационирани во Шпанија.

Португалскиот министер за внатрешни работи Хозе Луис Карнеиро посочи дека температурите може да достигнат и до 45 степени Целзиусови и дека земјата се соочува со најголема опасност од пожари од јуни и октомври 2017 година, кога загинаа повеќе од 100 луѓе.

Минатиот месец поради високите температури на воздухот 28,4 отсто од територијата на Португалија беше погодена од екстремна суша.